среда, 1 април 2026

Папата Франциско кажа дека односот кон украинските бегалци е поинаков: Ние сме расисти

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи за италијанската телевизија РАИ, папата кажа дека најслабите секогаш најмногу патат во војните и додаде: „Бегалците се поделени. Прва класа, втора класа, според бојата на кожата, доаѓаат ли од развиени земји или од неразвиени“.

„Ние сме расисти. И тоа е лошо“, кажа аргентинскиот папа. Според бројките на ОН, над 4,7 милиони Украинци ја напуштиле земјата откако Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари. „Војната е насекаде“, кажа тој во изјавата за италијанските медиуми.

„Ги разбирам лидерите кои купуваат оружје. Не ги оправдува,, но ги разбирам. Затоа што мораме да се браниме“, додаде папата, зборувајќи за постоење на „братоубиствен воен план“. „Живееме со тој демонски план кој наложува меѓусебно да се убиваме поради желбата за власт, желбата за безбедност, желбата за материјалното“, истакна.

Хорхе Бергољо, жесток противник на употребата на оружје, и претходно го спомнуваше библискиот лик Каин, постариот син на Адам и Ева кој го убил помладиот брат, во контекст на осуда на војната во Украина.

85-годишшниот папа Франциско ноќеска ќе го предводи обредот за католичкиот Велик петок во базиликата Свети Петар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ