понеделник, 22 декември 2025

Папата до кардиналите: Не бидете ригидни и идеолошки ограничени

Папата Лео изјави дека планира да ја следи реформската агенда на својот претходник, папата Франциско, пофалувајќи ги напорите на покојниот папа да ја направи глобалната Католичка црква поинклузивна, во своето годишно обраќање до кардиналите на Ватикан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лео им рече на врвните црковни претставници дека Франциско, кој почина во април, бил „пророчки глас“ кој се стремел да изгради „радосна Црква, отворена за сите и внимателна кон најсиромашните“.

Франциско, кој водеше 1,4 милијарди католици 12 години, често го користеше своето годишно божиќно обраќање до кардиналите за остро да ја критикува нивната работа.

Во неколку долги говори низ годините, тој предупреди на она што го нарече „болести“ и „пороци“ на централната ватиканска бирократија, позната како Римска курија.

Лео, кој има подобро чувство за дипломатија од својот аргентински претходник, зборуваше само 15 минути и не упати такви критики. Сепак, тој повтори многу од клучните теми на понтификатот на Франциско.

Тој ги предупреди кардиналите да не бидат „ригидни или идеолошки ограничени“ во спроведувањето на црковната доктрина и рече дека сложената структура на Ватикан „не смее да го оптоварува или забавува напредокот“ на нивната работа.

Тој изрази жалење што внатрешните конфликти понекогаш ја поткопуваат работата на Ватикан. „Со разочарување забележуваме дека некои динамики – поврзани со извршувањ на власта, желба за доминација или за остварување на сопствените интереси – бавно се менуваат“, рече папата Лео.

„Потоа се прашуваме: „Дали е можно да се биде пријател во Римската курија?“ Лео повика на „помисионерска Римска курија, во која институциите, функциите и задачите се осмислени во светлина на денешните големи црковни, пастирски и социјални предизвици, а не само заради самото управување“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ