вторник, 30 декември 2025

Паника во Израел: Американски туристи на аеродром дошле со неексплодирана бомба (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Американско семејство предизвикало тревога поради бомба на главниот израелски аеродром, кога на безбедносните службеници им пријавило неексплодирана граната што ја нашле при посетата на Голанската висорамнина и која ја спакувале за сувенир, соопштија властите.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледаат патници во паника кои бегаат по зградата на аеродромот Бен Гурион.

Управата на аеродромот соопшти дека еден маж е хоспитализиран поради повредите со кои се здобил додека се обидувал да побегне преку подвижната лента за багаж.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ