сабота, 24 мај 2025

Пакистанската војска: Соборивме 5 индиски авиони, вклучувајќи и рафали, соборен е и дрон (ВИДЕО)

Пакистански безбедносни извори тврдат дека собориле пет борбени авиони на индиските воздухопловни сили и едно беспилотно летало за време на индискиот напад, објавија дописниците на Си-ен-ен Софија Саифи и Ник Робертсон од Исламабад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според соопштението доставено до новинарите, три француски авиони рафал, еден МиГ-29 и еден СУ-30, како и индиско извидувачко беспилотно летало херон, биле соборени во одбранбената акција.

Истата информација ја потврди и друг висок функционер на пакистанската влада.

Во извештајот не се наведува точната локација или како биле соборени авионите. Претходно вечерта, пакистанските власти тврдеа дека собориле три авиони и едно беспилотно летало.

Си-ен-ен сè уште не можеше независно да ги потврди тврдењата и контактираше со индиската влада за коментар.

Постојат и други непотврдени извештаи за поголема штета нанесена од пакистанските сили, и копнени и воздушни, врз индиските сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ