70-годишниот Шариф, 23 по ред пакистански премиер, е малку познат надвор од својата земја, во која има репутација на чиновник, повеќе отколку политичар, а неговиот брат Наваз Шариф беше премиер во три наврати.
Долниот дом на пакистанскиот парламент во неделата гласаше за смена на досегашниот премиер Имран Кан. Одлуката беше донесе по речиси 14-часовна расправа.
Аналитичарите велат дека Шебаз, за разлика од Наваз, има пријателски односи со пакистанската војска, која традиционално ја контролира надворешната и одбранбената политика на јужноазиската земја со 220 милиони луѓе, која има нуклеарно оружје.
Пакистански генерали три пати биле директно вклучени во уривање на цивилните влади, а ниеден премиер не го завршил целиот петгодишен мандат од 1947 година и стекнувањето на независноста на Пакистан од Британија.
Шебаз е најпознат по својот директен и ефикасен управувачки стил, кој го презентирање како главен министер на најбројната пакистанска покраина Пунџаб, кога блиско соработуваше со Кина на амбициозните инфраструктурни проекти финансирани од Пекинг.
Шебаз во минатонеделно интервју кажа дека добрите односи со Соединетите Американски Држави се клучни за Пакистан, што е спротивно на односот на Кан кон Вашингтон.






