Џакарта стана пренаселена, загадена и тоне со алармантна брзина поради прекумерното извлекување на подземни води. Градот е дом на повеќе од 10 милиони луѓе и се наоѓа на мочуришно тло на островот Јава. Воздухот е прилично загаден, а Џакарта е позната и по сообраќајните метежи.
Со изградба на нова престолнина во источен Калимантан, индонезиска покраина на островот Борнео, владата се надева дека ќе намали дел од притисокот врз Џакарта. Познат по своите џунгли и популации на орангутани, источен Калимантан, а и целиот остров Борнео се богати со минерали, а во покраината живеат само 3,7 милиони луѓе, според последниот попис.
Објавувањето на името на новиот град предизвика дебата и на социјалните мрежи. Некои рекоа дека новото име може да биде збунувачко бидејќи Нусантара е стар јавански израз што се користи во Индонезија за да се означи архипелашката нација во целина.
Се проценува дека потфатот ќе чини 32,4 милијарди долари и ќе биде еден од најголемите инфраструктурни проекти што индонезиската влада некогаш ги презела.






