понеделник, 8 декември 2025

Откриен тајниот план на Тони Блер за Газа

Документ од 21 страница, што протече во јавноста. открива план за воспоставување меѓународна преодна власт во Појасот Газа по војната, предводен од поранешниот британски премиер Тони Блер, како дел од проект подготвен од тим поврзан со неговата канцеларија и американско-израелски кругови блиски до администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според извештајот во израелскиот весник Израел Хајом, планот, наречен „Меѓународна преодна власт во Газа“ (ГИТА), предлага привремена администрација што ќе трае од три до пет години, по што власта би се префрлила на „реформска палестинска власт“ чии детали сè уште се нејасни, објави Ал Џезира.

Документот предвидува формирање меѓународен управен комитет од 7 до 10 члена, составен од бизнисмени, дипломати и економски експерти, со кој ќе претседава Блер со целосни овластувања во областите на политиката, безбедноста и економијата.

Привременото седиште на телото е планирано во градот Ариш во египетската покраина Северен Синај или во Доха, Катар.

Покрај Блер, планот ги вклучува и поранешната холандска вицепремиерка Зигрид Каг како потпретседател за хуманитарни прашања, Американецот Марк Роан како претседател на Фондот за реконструкција, Египќанецот Нагб Савирис за регионални инвестиции, како и израелско-американскиот претставник Арија Лајтстоун задолжен за Абрахамовите договори, додека палестинскиот претставник е без вистински извршни овластувања, чие име не беше откриено, објавува Спутник.

Според медиумските извештаи, овој модел покажува дека администрацијата ќе биде под контрола на меѓународни актери, додека палестинската улога ќе биде во голема мера симболична.

Планот исто така предвидува назначување на „неутрални“ палестински администратори кои ќе управуваат со јавниот сектор под надзор на меѓународен одбор, како и формирање на локално советодавно тело без извршни овластувања.

Предвидува и формирање на „Фонд за реконструкција и инвестиции во Газа“ финансиран од земјите од Заливот, западни инвестиции и меѓународни заеми, со модел на профит во кој компаниите ги делат приходите од проектите за реконструкција.

Во областа на безбедноста, документот предлага распоредување на мултинационални сили под покровителство на ОН или САД, забрана за сите вооружени палестински групи за време на преодниот период и меѓународен надзор врз реструктуирањето на палестинските безбедносни сили.

Документот потврдува дека телото ќе има целосни извршни, законодавни и судски овластувања, без право на која било палестинска страна да ги поништи неговите одлуки.

Планот за имплементација предвидува три фази – тримесечен подготвителен период, потоа почетна шестмесечна фаза на присуство и конечно фаза на реконструкција што би траела две до три години, пред власта постепено да се пренесе на „реформска палестинска власт“, ​​чиј карактер сè уште е нејасен, објавува израелскиот весник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ