вторник, 30 декември 2025

Осум илјади британски војници пристигнуваат во Европа на воени вежби поради рускиот напад

Објавено на

часот

Сподели

Се работи за едно од најголемите распоредувања на британски војници од Студената војна, а војниците ќе бидат распоредени во повеќе земји, од Финска до Македонија, пишува Скај њуз.

Покрај војниците, летово на бројни локации ќе бидат испратени и десетици тенкови и повеќе од 100 оклопни борбени возила.

На британските вооружени сили ќе им се придружат десетици илјади војници на НАТО и сојузниците, вклучувајќи ги Данска, Исланд и Норвешка.

Министерството за одбрана соопшти дека планираните вежби ќе ја подобрат способноста на британските и финските трупи да работат заедно на одвраќање на руската агресија во Скандинавија и балтичките земји.

Министерот за одбрана Бен Валас рече дека овој потег ќе покаже солидарност и сила.

„Безбедноста на Европа никогаш не била поважна. Овие вежби ќе покажат како нашите трупи ги здружуваат силите со сојузниците и партнерите за да покажат солидарност и сила во едно од најголемите заеднички распоредувања на војници од Студената војна“, рече Валас.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ