петок, 26 декември 2025

Основачот на Тик-ток стана најбогатиот Кинез

Зголемата глобална популарност на Тик-ток го направи ко-основачот на неговата матична компанија Бајт денс најбогатата личност во Кина.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според листата составена од Истражувачкиот институтот Хурун, Џанг Јиминг сега вреди 49,3 милијарди долари, што е за 43 отсто повеќе од минатата година. 41-годишникот поднесе оставка и се повлече од чело на компанијата веќе во 2021 година, но се смета дека сè уште поседува околу 20 отсто од компанијата.

Тик-ток стана една од најпопуларните социјални мрежи во светот и покрај длабоката загриженост во некои земји за врските на апликацијата со кинеската држава. Иако и двете компании инсистираат дека се независни од кинеската влада, САД имаат намера да го забранат Тик-ток во јануари, освен ако Бајт денс не го продаде.

И покрај големиот американски притисок, глобалниот профит на Бајт денс се зголеми за 60 отсто минатата година, зголемувајќи го личното богатство на Џанг Јиминг. „Џанг Јиминг е 18-та личност која го зазеде првото место на листата на најбогати Кинези во последните 26 години“, рече Руперт Хугеверф, шеф на Хурун.

„САД, за споредба, имаа само четири број еден во тој период: Бил Гејтс, Ворен Бафет, Џеф Безос и Илон Маск. Ова дава показател за динамиката во кинеската економија“, додаде тој. Џанг не е единствениот претставник на огромниот кинески технолошки сектор на листата на најбогати Кинези. Пони Ма, шеф на технолошкиот конгломерат Тенсент, е трет на листата.

Патем, само околу 30 отсто од луѓето на листата забележале зголемување на нивното нето богатство. „Листата на богати во Кина се намали трета година по ред без преседан, бидејќи кинеската економија и берзите имаа тешка година“, објасни Хогеверф. Тој истакна дека податоците покажале дека тоа е добра година за производителите на паметни телефони како Шаоми, додека пазарот на зелена енергија опаѓа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ