недела, 21 декември 2025

Османи бара забрзано зачленување на Косово во НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Османи тоа го изјави во Вилнус, за време на заедничката прес-конференција со претседателот на Литванија Гитанас Науседа.

Претседателката на Косово од вчера престојува во Литванија, каде кажа дека е „апсурдно во рамки на Партнерството за мир на НАТО да постојат анти-НАТО земји како Белорусија и Србија“, а Косово да не добие покана да пристапи во тоа партнерство.

Таа ѝ се заблагодари на Литванија на постојаната поддршка на Косово и кажа дека членството во НАТО треба да се гледа од безбедносна перспектива.

„Поради тоа сите слободољубиви земји во Европа, кои сакаат да придонесат на мирот и безбедноста, заслужуваат да бидат во НАТО. А аспирациите за нивното членство треба да се поддржат. Сметам дека не само Финска и Шведска, туку и земјите во нашиот регион, како Косово и БиХ, треба да се поддржат со забрзан прием во членството“, кажа таа.

Додаде дека 93 отсто од граѓаните на Косово се за членство во НАТО и дека тоа е „историска желба на народот на Косово од 1999 година“.

Претседателот на Литванија Гитанас Науседа кажа дека неговата земја ги поддржува тежнеењата на Косово за членство во НАТО, како и неговата независност и територијалниот интегритет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ