Орбан на Платформа Икс изјави дека планот на ЕУ и Украина е да се воспостави проукраинска влада во Будимпешта која ќе ги испраќа унгарските пари во Киев и ќе ја одвои Унгарија од евтини руски енергенти.
„Ќе ги браниме интересите на нашата нација. Сметајте на тоа“, рече Орбан.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во четврток изјави дека никој не може да ѝ се заканува на Унгарија или на нејзиниот премиер, одговарајќи на изјавата на Зеленски дека би можел „да ја даде адресата на лицето во Европската Унија“ кое ја блокира европската помош за Киев, за да можат украинските војници „да му се јават и да поразговараат со него на свој јазик“.
„Ова ги премина сите граници. Ова е Украина. Ова е видот „култура“ што доаѓа од Киев. И ова е човек кого Брисел го почитува и земја што сакаат забрзано да ја примат во Европската Унија“, напиша Сијарто на платформата Икс.
Тој додаде дека без разлика колку Зеленски се заканува и колку тесно соработува со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и лидерот на Европската народна партија (ЕПП) Манфред Вебер Будимпешта нема да им дозволи да ја вовлечат Унгарија во војна.






