понеделник, 22 декември 2025

Орбан за Хрватска: Да не ни го земеа морето и ние ќе имавме пристаниште

Објавено на

часот

Сподели

Како што објаснил европски дипломат за Франс прес, на Унгарија за сигурно снабдување со нафта би ѝ бил потребен нов нафтовод кој би ја поврзал со Хрватска, која има пристап до море. Затоа бара гаранции дека Загреб ќе се ангажира на изградбата на таа инфраструктура, како и гаранции за европски финансиски средства.

Но се чини дека токму тоа што Хрватска има море, кое ѝ овозможува алтернативни извори за нафта, е извор на фрустрации за Орбан. Барем така може да се сфати од неговата изјава дека хрватското море ѝ е одземено на Унгарија.

„Оние кои имаат море и пристаништа, можат да донесат нафта со танкери. Да не ни го земеа морето, и ние ќе имавме пристаниште“, кажа Орбан во интервју, мислејќи на брегот на Хрватска која некогаш беше под Унгарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ