сабота, 20 декември 2025

Орбан: Воената помош за Украина ја ослабува ЕУ наместо да ја зајакне

Финансирањето на Украина и испраќањето воена помош за продолжување на конфликтот со Русија само ја ослабува Европската Унија, наместо да ја зајакне, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лидерите на ЕУ не успеаја да ги премостат разликите околу замрзнатите руски средства на самитот на Европската Унија, но се согласија да ѝ обезбедат на Украина голем бескаматен заем за покривање на нејзините воени и економски потреби за следните две години.

„Проблемот денес е што со секоја нова одлука се ослабуваме себеси наместо да се зајакнеме. Украина не додава сила на Европа, туку само ја одзема. Не треба да ја финансираме украинската војска, не треба да ја зајакнуваме Украина, туку треба да ги зајакнуваме војските на земјите западно од Украина. Треба да ги зајакнеме војските на земјите од Европа за Европа“, рече тој на состанокот со активисти на унгарската владејачка партија Фидес во Сегед, пренесува ТАСС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ