Оваа недела Унгарија се приклучи на иницијативата на претседателите на осум земји од ЕУ да започнат преговори за членство со соседна Украина, но членката на НАТО Унгарија одби да пренесе смртоносно оружје преку својата територија до источниот сосед.
Орбан се соочува со избори за четири недели, но неговата кампања е отежната од се поголемата инфлација и последиците од војната во Украина, а ЕУ фондовите се замрзнати поради спорот за демократските стандарди.
„Го осудуваме рускиот напад бидејќи тие ја започнаа војната против Украина“, изјави националистот Орбан за порталот мандинер.ху во интервју објавено денеска. Русија својот напад го нарекува специјална операција.
„Страните мора да се вратат на преговори што е можно поскоро. Цела Европа треба да работи за мир“, додаде Орбан, кој беше силно критикуван од унгарската опозиција за неговите пријателски врски со Москва. Тој рече дека унгарските односи со Русија до неодамна биле избалансирани и праведни, но дека војната создала нова ситуација.
Сепак, тој исто така рече дека нема причина да се прекинат енергетските врски со Русија.






