„Унгарија јасно стави до знаење дека ги поддржуваме сите санкции, затоа нема да блокираме ништо. Она што ќе успеат да го договорат премиерите на Европската Унија, ние го прифаќаме и го поддржуваме“, изјави Орбан пред новинарите, пренесе Ројтерс.
„Ова е време да бидеме обединети, ова е војна“, рече тој, нагласувајќи дека мировните напори се најважни.
„Унгарија мора да остане надвор од воениот конфликт меѓу Русија и Украина, изјави Орбан во четвртокот, кога Русија влезе во Украина. „Она што ни е најважно е безбедноста на унгарскиот народ“, додаде тој.






