„Со нашите сојузници од ЕУ и НАТО, го осудуваме рускиот воен напад“, рече Орбан по состанокот на безбедносниот кабинет, додавајќи дека Унгарија ќе остане на страна од воениот конфликт бидејќи безбедноста на Унгарците е најважна.
Тој додаде дека Унгарија ќе обезбеди хуманитарна помош за Украина и дека е подготвена да ги прими луѓето кои бегаат од Украина.






