Министерката за енергетика веќе поднесе оставка, а главниот осомничен избега од земјата, потсети Орбан во објава на Фејсбук.
„Ова е хаос во кој бриселската елита сака да ги уфрли парите на европските даночни обврзници. Парите што нема да завршат на фронтот ќе бидат украдени од воената мафија. Лудило“, рече премиерот.
„Ние не го сакаме тоа. Унгарските пари нема да бидат испратени во Украина. Подобро ќе се икористат дома“, рече тој, додавајќи дека оваа недела надоместокот за згрижувачки родители е удвоен и е донесена одлука за воведување 14 пензија.
„По сето ова, нема да имаме никакви барања и уцени од украинскиот претседател. Крајно време е оние во Брисел да разберат на што ги трошат своите пари“, рече Орбан.
Украинските власти подигнаа обвинение за седум лица во врска со наводна шема за поткуп од 100 милиони долари во која се вклучени високи енергетски функционери, што предизвика јавно негодување и го насочи вниманието кон борбата на Киев против корупцијата.
Во екот на голем корупциски скандал во енергетскиот сектор, украинскиот министер за правда Херман Халушченко и министерката за енергетика Свитлана Гринчук поднесоа оставки во среда на барање на претседателот Володимир Зеленски.
Истражителите од Украинското биро за борба против корупцијата (НАБУ) ги претресоа домовите на Халушченко, кој претходно беше на чело на Министерството за енергетика, и Тимур Миндич, ко-сопственик на студиото Квартал 95 и поранешен деловен партнер на Зеленски.
Миндич ја напушти Украина кратко пред да избувне скандалот.






