четврток, 18 декември 2025

Орбан пристигна во Брисел: „Договорот за руските средства е мртов“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по пристигнувањето на самитот на ЕУ во Брисел изјави дека, според него, идејата за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на Украина пропаднала.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Орбан им рече на новинарите дека во Европската унија ќе има доволен број земји-членки за таканареченото блокирачко малцинство кое ќе спречи донесување одлука за репарациски заем за Украина. Тој додаде дека Европската унија мора да „се држи подалеку од војната“ и „да работи на постигнување мир“.

Лидерите на Европската унија денес се среќаваат во Брисел на еден од најнапнатите самити во последните години за да се договорат за клучна одлука за финансирање на Украина за 2026 и 2027 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ