сабота, 7 февруари 2026

Орбан: Повикан сум на инаугуративната седница на Мировниот одбор на Трамп во Вашингтон

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во саботата најави дека ќе отпатува во Вашингтон „за две недели“ на инаугуративниот состанок на Мировниот одбор, иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на конфликтите низ целиот свет.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа добив покана: за две недели повторно ќе се сретнеме (со американскиот претседател) во Вашингтон бидејќи Мировниот одбор ќе го одржи својот инаугуративен состанок“, рече тој на предизборен собир во Сомбатељ во западна Унгарија пред парламентарните избори во април.

Според планот на американскиот претседател за прекин на војната во Газа, Националниот одбор за управување со Газа привремено ќе ја администрира палестинската територија под надзор на Мировниот одбор, со кој ќе претседава самиот Трамп.

Сепак, нацрт-статутот на Мировниот одбор не ја споменува експлицитно палестинската територија, туку си поставува поширока цел: да придонесе за решавање на вооружените конфликти низ целиот свет.

Во преамбулата на текстот се вели дека Мировниот одбор мора да има „храброст да се оддалечи од пристапите и институциите кои премногу често потфрлиле“, што е индиректна критика кон Обединетите нации.

Многу лидери добија покани да се приклучат на новото тело, вклучувајќи го и Орбан, близок сојузник на Трамп, кој прифати.

Земјите што сакаат постојано место во одборот за тоа ќе мора да платат милијарда долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ