„Опасноста од ширење на војната е поголема од кога било. Европејците сакаат да започнат војна. И ние сме Европејци, но не сакаме да се бориме“, рече Орбан во видео порака емитувана од телевизискиот канал М1.
„Почнуваме антивоена кампања“, рече тој, додавајќи дека заедно со поддржувачите на мирот ќе одржи „низа антивоени акции“ низ целата земја. Според него, акциите ќе започнат на 15 ноември од градот Ѓер во северозападна Унгарија.
„Да му покажеме на целиот свет дека Унгарија не сака војна“, им се обрати Орбан на своите сонародници.
Тој потсети дека на 23 октомври во Будимпешта се одржа Марш на мирот и антивоен собир, на кој, според организаторите, се собраа 80.000 луѓе. „Маршот за мир беше фантастичен успех. Многумина од нас се изјаснија против војната и за мир. Ви благодарам на сите што бевте таму“, рече Орбан.
Се огласи и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто кој рече дека дефинитивно ќе се придружи на антивоената кампања и ќе присуствува на митингот во Ѓер.






