недела, 12 април 2026

Орбан по гласањето: Дојдов да победам

Актуелниот унгарски премиер Виктор Орбан денес, по гласањето на парламентарните избори, изјави дека „дошол да победи“.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Орбан рече дека денешните избори се празник на демократијата и им се заблагодари на гласачите кои го слушале за време на изборната кампања, пренесува весникот Маѓар Немзет.

„Унгарскиот изборен систем е најбезбеден во Европа. Одлуката на народот мора да се почитува“, рече Орбан, додавајќи дека доколку неговиот противник Петер Маѓар добие повеќе гласови, тој ќе го прифати резултатот и ќе му честита.

Зборувајќи за значењето на овие избори, Орбан рече дека тие се многу важни бидејќи меѓународниот контекст и опкружување се промениле.

„Гледаме дека во Европа нè очекува голема криза, не една, туку неколку, кои се акумулираат. Не е лесно за ниту една нација да го пронајде вистинскиот одговор на овие предизвици. Ни треба големо национално единство за да ја издржиме енергетската, финансиската и економската криза“, рече Орбан, повторувајќи дека очекува изборна победа.

Во Унгарија денес од 6 до 19 часот се одржуваат парламентарни избори на кои право на глас имаат повеќе од 8,1 милиони гласачи, а според анкетите на јавното мислење, главни ривали се партијата Фидес на актуелниот унгарски премиер Виктор Орбан и проевропската партија Тиса, предводена од Петер Маѓар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ