недела, 14 декември 2025

Орбан откри зошто единствено тој одбил да го потпише писмото на ЕУ до Трамп за прекин на војната

Унгарија е единствената членка на Европската Унија што не ја потпиша заедничката изјава за поддршка на Украина. Се работи за документ потпишан од преостанатите 26 членки, во кој се повикува Украина да учествува во одлучувањето за сопствената иднина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Унгарија долго време има затегнати односи со Украина и остатокот од ЕУ и е најблизок сојузник на Владимир Путин во Европа. Премиерот Виктор Орбан претходно предупреди дека влезот на Украина во ЕУ „веднаш ќе ја вовлече Унијата во директен конфликт“.

Утрово тој ги наведе своите причини за непотпишувањето на изјавата: „Оваа изјава се обидува да постави услови за состанокот на кој лидерите на ЕУ не се поканети“.

„Доволно е лошо што ЕУ е изоставена. Единственото нешто што може да биде полошо е ако почнеме да даваме инструкции од клупа“, напиша тој.

Тој додаде дека, според него, „единствениот разумен потег на лидерите на ЕУ е да започнат самит ЕУ-Русија, по моделот на состанокот САД-Русија“.

Ова не е прв пат Орбан да се спротивстави на заедничката позиција на ЕУ за Украина. Унгарија претходно се спротивстави на воведувањето европски санкции врз Русија, пред на крајот да попушти, а исто така одби да потпише и некои претходни изјави за поддршка на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ