понеделник, 22 декември 2025

Орбан: Колапсот на Украина би бил катастрофа за Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека колапсот на Украина би бил катастрофа за Унгарија и дека мора да се направи сè за да се спречи тоа. Тој ја испрати пораката во неделата за време на говорот во Сегед, како дел од неговата предизборна турнеја, при што, за прв пат по 15 години на власт, се соочува со силен отпор пред претстојните избори, пренесува Јуроњуз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Немојте да се залажувате: колапсот на Украина би бил катастрофа за Унгарија. Затоа, колапсот на Украина не е во интерес на Унгарија, туку мора да направиме многу за да го спречиме“, им рече Орбан на собраните поддржувачи, фокусирајќи се на надворешната политика. Тој го објасни својот став со споредбата: „Луѓето од село – и шпекулантите со недвижности – совршено добро разбираат дека вредноста на вашето парче земја зависи не само од состојбата на таа земја, туку и од состојбата на соседното парче земја, како и од тоа кој живее таму“.

Орбан исто така истакна дека Украина зависи од Унгарија за 44% од својата електрична енергија и 56% од природниот гас што го троши. Тој додаде дека значителен дел од оваа енергија доаѓа од руски извори. Унгарските власти претходно ги наведоа овие бројки како одговор на критиките за блиските врски на Унгарија со Русија.

Еден ден претходно, унгарскиот премиер коментираше за руската инвазија на Украина велејќи дека е „тешко да се каже кој кого нападнал“, што е спротивно на меѓународниот став што преовладува за војната.

Во својот говор во саботата, тој го повтори својот став дека обезбедувањето воена помош за Украина само го продолжува конфликтот и, според него, не им служи на интересите на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ