среда, 11 февруари 2026

Орбан ја споредува војната во Украина со миграцијата: „Штом влезеш, нема излез“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната во Украина мора веднаш да заврши, велејќи дека европските лидери се „заробени во бесконечен конфликт“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во објава на социјалната мрежа Икс, тој ја спореди војната со миграцијата, велејќи: „Штом влезеш, нема излез“, пренесува агенцијата Анадолија.

Орбан тврди дека во конфликтот неделно страдаат околу 9.000 луѓе и дека Европа ќе потроши околу 90 милијарди евра во следните две години.

Според него, овие пари не финансираат „ништо повеќе од 800.000 мртви или трајно осакатени“.

„Ова мора веднаш да престане“, заклучи тој.

Унгарија долго време се спротивставува на политиката на ЕУ кон Украина, честопати блокирајќи или забавувајќи ги заедничките финансиски пакети за помош и санкциите против Русија.

Владата во Будимпешта одржува значително поблиски односи со Москва отколку повеќето други членки на ЕУ, особено во енергетскиот и политичкиот дијалог, што редовно предизвикува тензии во односите со Брисел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ