„Прислушувањето на член на владата е сериозен напад врз Унгарија“, напиша тој во објава на Фејсбук, додавајќи дека побарал од министерот за правда да спроведе истрага.
Според извештајот на „Вашингтон пост“ во саботата, кој се повикува на неколку сегашни и поранешни европски безбедносни претставници, Сијарто редовно го повикувал својот руски колега, Сергеј Лавров, за време на паузите на состаноците на Советот на ЕУ за да му даде „директни извештаи за тоа што се дискутирало“ како и можните решенија.
Но, во статијата на Вашингтон пост не се вели дека Сијарто бил прислушуван. Во статијата, исто така се изнесени информации според кои руските разузнавачки служби ја разгледувале можноста за влијание врз кампањата за парламентарните избори што се одржуваат во Унгарија на 12 април, преку симулирање на атентат на про-Трамповиот лидер, кој е близок до Русија.
Познато е дека Орбан заостанува во претходните независни анкети. Сијарто ги отфрли овие информации на Фејсбук, нарекувајќи ги „апсурдна теорија на заговор“ и рече дека е шокиран „од фактот дека една или повеќе странски разузнавачки служби го следеле со активна соработка на унгарски новинар“.
Портпаролот на Европската комисија во понеделник изјави дека извештаите за тоа дека Унгарија споделува информации за ЕУ со Русија се загрижувачки, додавајќи дека Брисел очекува појаснување од Унгарија.
Полскиот премиер Доналд Туск одговори дека статијата во Вашингтон пост „не треба никого да изненади“. „Долго време се сомневаме во тоа“, рече тој. Во неделата, тој на платформата Икс рече дека ова е „една од причините зошто зборувам само кога е апсолутно неопходно и го кажувам само она што е строго неопходно“.
Унгарскиот опозициски лидер Петер Маѓар го осуди потенцијалниот чин на велепредавство. „Според сегашните информации, Петер Сијарто соработува со Русите и ги предава унгарските и европските интереси. Ова се чини дека е велепредавство, казниво со доживотен затвор“, напиша тој на Фејсбук.






