недела, 21 декември 2025

Орбан го обвинува Брисел дека ги прикрива грешките на Урсула фон дер Лаен

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по гласањето за имунитет на неколку членови на Европскиот парламент во вторник изјави дека Брисел се подготвува да ги „прикрие“ грешките на претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лаен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Орбан на Фејсбук објави дека фон дер Лаен „ја задушила европската индустрија со зелени политики“, склучила „катастрофален трговски договор“ со САД, дозволила неконтролиран прилив на мигранти и ја финансира војната меѓу Русија и Украина повеќе од три години, објави МТИ.

Унгарскиот премиер додаде дека „левите либерали“ повторно ќе ја заштитат претседателката на ЕК, како што направија за лидерот на партијата Тиса во вторник, и дека Брисел ја користи заедничката цел за „да ја врзе секоја земја-членка за јаремот на Брисел, вклучително и Унгарија“.

„По гласањето за имунитет во вторникот, бриселското перење повторно започнува денес. Онаа што треба да се пере денес не е никоја друг освен претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен“, напиша Орбан на својата страница на социјалните мрежи пред денешното гласање за предлогот за гласање на недоверба поднесен против претседателката на Европската комисија, пренесува Хирадо.

Орбан објави дека Унгарија ќе продолжи да се спротивставува на ваквите политики, прво на денешното гласање во ЕП, а потоа и за време на претстојниот „Марш на мирот“.

Хирадо потсетува дека последниот пат кога се одржа гласање за доверба на Урсула фон дер Лаен беше на 10 јули. Дебатата за гласањето за недоверба на европското законодавно тело започна во понеделник, пред сегашното гласање, кое е закажано за денес во 12 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ