„Накратко: Америка го гледа падот на Европа со голема прецизност. Падот на цивилизациско ниво, против кој во Унгарија се бориме веќе 15 години. И конечно, не сме сами“, напиша Орбан на својата страница на социјалните мрежи, објави Хирадо.
Орбан рече дека новата стратегија за национална безбедност на САД, која ја опиша како „најважниот и најинтересен документ во последните години“, го опишува Брисел со истиот тон со кој администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден и европските институции претходно зборуваа за Унгарија.
Унгарскиот премиер додаде дека Американците забележуваат долг период на економска стагнација во Европа и загрозени цивилизациски вредности, демократијата и слободниот пазар.
Според него, Вашингтон гледа дека „европските либерали ја запалија мрежата што ја формираа со Русија, што беше грешка“.
Орбан истакна дека носителите на одлуки во САД веруваат дека европско-руските односи мора да се обноват на стратешко ниво.






