недела, 29 март 2026

ООН: Во руските напади се убиени најмалку 25 цивили, бројот веројатно е многу поголем (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролката на Канцеларијата додаде дека вистинската бројка веројатно е многу поголема, пренесува Би-би-си.

Градоначалникот на Мариупол во четвртокот рече дека тројца цивили биле убиени во источниот пристаништен град, а уште шестмина биле повредени во руската инвазија.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=nflGBlpF5S0 autoplay:0]

Службите за итни случаи соопштија дека едно момче е убиено во регионот Харков во источна Украина, откако била гранатирана станбена зграда.

Украина соопшти дека повеќе од 100 цивили и војници загинале во нападите на Русија на повеќе фронтови низ земјата, борбите се широко распространети низ целата земја и руските сили напредуваат кон главниот град.

Киев објави дека 18 луѓе биле убиени во воена база во близина на црноморското пристаниште Одеса во најсмртоносниот поединечен напад од руската инвазија.

Украина, исто така, соопшти дека воен авион со 14 лица се урнал јужно од Киев, а властите сè уште утврдуваат колку луѓе загинале, додека транспортен авион се урнал во Русија, при што загинал целиот екипаж.

Руското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека нивните војници убиле повеќе од 200 припадници на украинските специјални единици при заземањето на аеродромот Хостомел, на десет километри од Киев, пренесува Ројтерс.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека во досегашните борби во таа земја загинале повеќе од 1.000 руски војници, пренесува Ројтерс.

Поради нападите се раселени најмалку 100.000 луѓе, соопшти УНХЦР.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=IqQw8en4dDo autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ