Гласањето на 15-члениот совет е процедурално, па дури и постојаните членки на Советот – Русија, Кина, Франција, Велика Британија и САД – не можат да стават вето.
За усвојување на одлуката потребни се девет гласа и најверојатно ќе биде усвоена, велат дипломатите.
Досега се свикани само 10 вакви итни специјални седници од 1950 година.
Предлогот за свикување итна седница дојде откако Русија во петокот стави вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се осудува акцијата во Украина, додека Кина, Индија и ОАЕ беа воздржани, а останатите 11 членки гласаа за.






