недела, 15 март 2026

ОН: Шумските пожари сè почести низ светот, владите се неспремни

Објавено на

часот

Сподели

Со овој проблем веќе се соочуваат Соединетите Американски Држави, северот на Сибир, централна Индија и источна Австралија.

Според извештајот на ОН, веројатноста од избивање катастрофални шумски пожари на глобално ниво би можела да порасне за повеќе од 50 отсто до крајот на овој век.

Се истакнува дека нема да бидат имуни ни средините за кои се веруваше дека се безбедни, вклучувајќи го Арктикот.

Тропските шуми во Индонезија, како и јужен Амазон, исто така се соочени со пораст на пожари.

„Неконтролираните и разорни пожари стануваат очекуван дел од сезонските календари во многу делови од светот“, вели еден од авторите на извештајот Ендрју Саливан.

Заклучокот на извештајот е дека некои држави трошат премногу ресурси на борбата против пожарите наместо на превенцијата.

Освен глобалното загревање, пожарите често ги предизвикуваат и начините на користење на шумите како нивното сечење или намерно подметнување на пожарите за да се исчисти теренот и да се користи како земјоделско земјиште.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ