Обединетите нации велат дека барањето за помош на земјата, кое изнесува речиси четврт од БДП на земјата, е најголемото некогаш побарано за една земја и тројно поголемо од сумата која ја одбила во 2021 кога падна владата поставена од САД.
„Ова е апсолутно нужна мерка која денес ја ставаме пред меѓународната заедница“, им кажа шефот на хуманитарната помош на ОН Мартин Грифитс на новинарите во Женева.
„Без ова финансирање нема да има иднина, тоа мораме да го направиме инаку ќе има одлив на население, ќе има мачење“.
Наглото повлекување на меѓународната помош минатата година по победата на талибанците во август ја остави кревката економија на Авганистан на раб на колапс, со брз раст на цените на храната и широко распространето гладување.
Западните санкции насочени против талибанците исто така го спречија доставувањето на основните залихи храна и лекови, иако тоа во меѓувреме беше ублажено откако Советот за безбедност на ОН и Вашингтон во декември одобрија исклучоци.
Грифитс, кој се сретнал со талибанските функционери, кажа дека хуманитарниот план е „внимателно калибриран“, за помошта да оди директно кај луѓето на кои им е потребна, а не кај властите.
Филипо Гранди, високиот комесар на ОН за бегалци, кажа дека подобрената безбедност претставува прилика милиони раселени луѓе поради долготрајната војна да се вратат дома, додавајќи дека откако талибанците ја презедоа власта околу 170.000 веќе се вратиле.
„Судирот меѓу талибанците и претходната влада веќе заврши и тоа отвори некој прозорец на безбедност кој мислам дека треба да го искористиме“, кажа Гранди. „Но за тоа да го направиме потребни ни се ресурси кои се дел од овој повик за помош“.






