среда, 1 април 2026

ОМВ: Невозможно е Австрија да го забрани рускиот гас

Објавено на

часот

Сподели

„Откажувањето од рускиот гас е невозможно освен ако не сме подготвени да живееме со огромни последици. Некои земји би можеле да го направат тоа, но Австрија не може да го спроведе тоа годинава. Во тешка позиција сме, во која не можеме едноставно да се откажеме од рускиот гас. Како земја без излез до море, немаме пристап до течен природен гас. Секоја диверзификација би значела повеќе инвестиции во скапа инфраструктура за да се добие пристап до поскап гас“, рече Штерн.

„Постепеното укинување на рускиот гас има своја цена. Тоа мора да ни биде јасно“, додаде тој.

На прашањето како ОМВ ќе плаќа за рускиот гас откако претседателот Владимир Путин во четвртокот одреди дека испораките на рускиот гас во странство мора да се плаќаат во рубли од петок, тој одговори дека ОМВ нема договор со руската влада, туку со Гаспром. „Очекуваме информации од Гаспром. Во моментов договорот ни е во евра и нема други основи за плаќање“, рече Штерн.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ