недела, 21 декември 2025

Окупираните украински територии ќе побараат да ѝ се „приклучат на Русија“

Објавено на

часот

Сподели

Руската војска ја презеде контролата врз регионот Херсон кон крајот на април, заменувајќи го неговото украинско раководство со промосковска „воено-цивилна администрација“ и преминувајќи на руската рубља.

Кремљ ниту ги потврди ниту ги негираше плановите за анексија на Херсон, велејќи дека одлуката ќе биде „на локалните жители“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, тврди дека процесот ќе биде „апсолутно јасен и легитимен“ и повлекува паралели со украинскиот полуостров Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година по одржувањето референдум, кој Генералното собрание на Обединетите нации подоцна го прогласи за неважечки.

Претходно денеска, висок функционер на руската администрација во анектираниот Крим рече дека „нема сомневање“ дека Русија ќе ги припои новоокупираните територии во јужна Украина.

Георгиј Мурадов, постојан претставник на Крим за време на претседателот Владимир Путин, изјави за РИА новости дека Русите и Украинците споделуваат „заеднички културен код“.

„Во овие (окупираните украински) територии се формираат цивилно-воени администрации, пристигнаа руски ТВ-канали, руски учебници се појавија во училиштата, а руската рубља успешно влегува во економскиот живот во регионот“, рече тој.

И покрај другите неуспеси во нејзината речиси тримесечна инвазија на Украина, вели Москва тајмс, Русија постигна барем една од своите први основни цели: зазеде копнен мост за поврзување на континентална Русија со анектираниот Крим.

Окупираниот Херсон, како и регионот Прјазовски на Азовско Море, наводно почнале да тргуваат со Крим набргу откако руските сили поставиле промосковски администрации во областа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ