вторник, 30 декември 2025

Огромни пожари во САД, изгореа над 160 куќи (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Илјадници жители подготвено чекаат на евакуација доколку пожарите се приближат до населбите во долината на Мора, 64 километри североисточно од Санта Фе. „Утре може да биде уште еден катастрофален ден“, изјави командантот на силите за борба против природни катастрофи Карл Швопе.

Ова се најголемите и најразорните пожари кои моментално беснеат во југозападниот дел на САД. Научниците тврдат дека стануваат се пораширени и годинава поради климатските појави почнале порано од вообичаено. Шерифот на округот Мора, Америк Падила им порача на жителите, околу 10.000 од нив, „да ги спакуваат торбите и да бидат до своите најблиски“, бидејќи наредбата за евакуација може да дојде во секој момент.

Сушата, која трае веќе 25 години, ги исуши стеблата и гранките на само осум проценти влажност, што е помалку од дрвениот материјал за изградба на куќи. Долгогодишната суша ги претвори шумските планини и долини во потенцијални буриња со барут.

За утре се предвидуваат ветрови со брзина од 80 километри на час. „Ќе биде многу опасен, огнен ден“, рече експертот за шумски пожари Стјуарт Тарнер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ