четврток, 11 декември 2025

Огромен протест во Канада, главниот град е полн со камиони. Премиерот префрлен на тајна локација (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Поради тоа премиерот Џастин Трудо и неговото семејство за време на протестот се префрлени на тајна локација.

Протестот наречен Конвој на слободата е организиран поради указот за задолжително вакцинирање на камионџиите кои ја преминуваат американско-канадската граница, кој претходно месецов го спроведе владата на премиерот Трудо. Според овој указ, сите невакцинирани канадски возачи кои ќе ја преминат земјата мораат при враќањето да поминат одреден период во карантин.

[video:https://youtu.be/dxYiqTpLCRQ autoplay:0]

Во знак на негодување, коалицијата на возачи на камиони и конзервативни групи организираше протестен конвој кој тргна од западот на Канада. На патот кон источните области, сè поголем број луѓе им даваа поддршка на организаторите.

Особено ги поддржаа оние кои не се сложуваат со политичките одлуки на Трудо и кои сметаат дека мерките воведени против сузбивањето на ширењето на пандемијата ги ограничуваат нивните слободи.

[video:https://youtu.be/qIEVqVxKsiE autoplay:0]

Демонстрантите за време на викендот останаа во центарот на Отава, а нивните првични барања, како укинување на задолжителното вакцинирање за камионџиите, пораснаа – сега бараат поништување на таа одлука за сите групи во земјата.

„Сакаме да бидеме слободни, сакаме повторно да имаме свој избор и сакаме надеж – а владата тоа го одзема. Остануваме тука додека да можеме да се вратиме на работа“, кажа за Би-би-си Харолд Јонкер, возач на камиони и сопственик на фирма за превоз.

[video:https://youtu.be/TA3kZz_S66U autoplay:0]

Засега во конвојот нема никакви инциденти, но полицијата е загрижена поради собирањето на екстремно десничарски групи кои го поддржуваат протестот, а кои се упатени кон Отава.

Здружението на канадски возачи наведува дека се вакцинирани меѓу 85 и 90 отсто од 120.000 камионџии и смета дека повеќето демонстранти немаат врска со оваа професија.

[video:https://youtu.be/p1vMpuiUJ3E autoplay:0]

Бројни компании изразија загриженост поради указот за задолжително вакцинирање на возачите на камиони бидејќи сметаат дека само ќе ги влоши постоечките проблеми во синџирот на снабдување.

„Сè од што зависат Канаѓаните – храна, облека, електроника, сè пристигнува на задниот дел на камионите“, кажа за Би-би-си Амбариш Чандра од бизнис училиштето Ротман скул оф менаџмент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ