понеделник, 8 декември 2025

Огромен пожар во близина на Атина, еден мртов (ВИДЕО)

Голем пожар избувна југоисточно од Атина, одзеде еден живот и сè уште гори и се шири поради силните ветрови. Грчките медиуми јавуваат дека ситуацијата е претежно под контрола и дека неколку хеликоптери и канадери учествуваат во операцијата за гаснење.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот гори на околу 35 километри од Атина, а градоначалникот на едно од погодените села изјави дека е подметнат. На местото на избувнувањето е пронајдена плинска боца, а жителите виделе лице на мотоцикл кое сомнително се однесувало.

Поради пожарот евакуирани се неколку села, а околу 400 луѓе се спасени. Неколку куќи во областа изгореле, но вистинската големина на штетата сè уште не е позната. Во петокот, во пожарот загина маж чија куќа била опкружена со пожар.

Големи пожари беснеат и во централна Грција и на полуостровот Пелопонез. Грчката цивилна гарда предупредува дека во многу делови од земјата поради суша и силни ветрови на сила останува предупредувањето за исклучително висок ризик од пожар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ