недела, 15 март 2026

Огромен бран ги разби прозорците на траект во Германија, има повредени (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во северното пристаниште Хамбург, поради невремето, три лица добиле полесни повреди на траект што бил погоден од бран, ги разбил прозорците и удрил во патниците.

Германската метеоролошка служба ДВД издаде неколку предупредувања за пристигнувањето на бурата Иленија доцна во средата и најави дека опасните услови би можеле да траат неколку дена, до сабота.

Во Полска дуваа ветрови со брзина до 125 километри на час и сериозно оштетија околу 500 куќи, корнеа покриви, уриваа дрвја и предизвикаа прекин на електричната енергија за повеќе од 324.000 домаќинства низ земјата. Двајца работници загинаа, а двајца се повредени кога превртел кран на градилиште во Краков.

Уште еден маж загина во западна Полска кога врз неговиот автомобил паднало дрво.

Погодена е и Чешка, каде што повеќе од 300.000 домаќинства останаа без струја, а сообраќајот беше во прекин бидејќи паднатите дрвја ги блокираа патиштата и железничките пруги. Најсилните ветрови со налети силни и 181 километар на час се забележани на подрачјето на северната планина Снежка, највисока во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ