понеделник, 15 декември 2025

Огномет во Диселдорф детонирал во публиката, најмалку 19 повредени (ВИДЕО)

Најмалку 19 лица се повредени, вклучувајќи и едно дете, кога за време на традиционалниот огномет на фестивалот Рајнкирмес во Диселдорф, Германија, вчера вечерта, пиротехничка направа експлодирала во публиката.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку едно дете е меѓу повредените, а четири лица се здобиле со сериозни повреди, соопшти рано утрово противпожарната служба во Диселдорф.

На местото на настанот биле повикани речиси 80 пожарникари и спасувачи.

Според информациите, еден од огнометите детонирал од непознати причини од прениска висина доцна вчера вечерта.

Полицијата ја истражува причината, но верува дека станува збор за несреќа. Организаторите на најголемиот саем на Рајна, Диселдорфскиот Рајнкирмес, ги завршија свеченостите предвреме.

Во соопштението тие изјавија дека длабоко жалат за несреќата. Портпаролот изјави дека ќе размислат дали традицијата со огнометот ќе продолжи следната година.

Саемот, кој го слави заштитникот на градот Свети Аполинариј започна на 11 јули и беше предвидено да трае до утре.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ