недела, 29 март 2026

Одговорот на Путин на санкциите на Западот: Нема изнесување пари во странство

Објавено на

часот

Сподели

Извозните компании се обврзани да продадат 80 отсто од девизите добиени од странство, вклучувајќи ги средствата кои се веќе акумулирани, во рок од три дена.

Забрането е девизно работење со давање девизи од страна на резиденти во корист на нерезиденти по договори за кредит.

Резидентите повеќе нема да можат да уплаќаат странска валута на своите сметки отворени во банки и организации во странство, како ни да уплаќаат пари без отворање банкарска сметка со користење електронски средства за плаќање кои им се на располагање на странските даватели на услуги во сферата на платниот промет (се мисли на банките).

Покрај тоа, јавните акционерски друштва до 31 декември оваа година ќе можат да ги купуваат своите пласирани акции (освен купување пласирани акции со цел намалување на нивниот вкупен број) под одредени услови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ