четврток, 11 декември 2025

Одговор на Захарова до Блинкен: „Излегува дека сме се нападнале сами себе“

Објавено на

часот

Сподели

„Државниот секретар Блинкен разговараше со британската колешка Лиз Трас за „агресија на Русија на нејзините граници“. Значи тоа е тоа. Излегува дека сме се нападнале самите себе. Безобразно вршиме агресија во рамки на сопствените граници“, напиша Захарова на Телеграм.

Во последно време Западот ја обвинува Русија дека наводно подготвува инвазија на Украина и дека доказ за тоа е фактот што Москва значително го зајакна военото присуство долж границата со Украина. Русија категорично ги отфрла тие обвинувања како неосновани и истакнува дека воени сили ги разместува на својата територија во согласност со уставот, а дека Западот сето тоа го злоупотребува како изговор за понатамошно ширење на влијанието на исток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ