среда, 4 март 2026

Одбранбените сили на Саудиска Арабија уништија крстосувачки ракети и дронови

Саудиското Министерство за одбрана соопшти дека неговите сили пресретнале две крстосувачки ракети над област југоисточно од главниот град Ријад и спречиле неколку напади со беспилотни летала.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во објава на социјалната мрежа Икс, министерството соопшти дека „две крстосувачки ракети биле пресретнати и уништени во губернијата ал-Харџ“.

Кратко потоа, во посебна објава, се додава дека „девет беспилотни летала биле пресретнати и уништени веднаш по влегувањето во воздушниот простор на Кралството“.

Подоцна во текот на утрото, министерството, исто така, извести за пресретнување и уништување на уште еден дрон во Источната провинција.

Саудиска Арабија веќе беше цел на ирански ракети и беспилотни летала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ