понеделник, 8 декември 2025

Одбиено барањето за ослободување на убиецот на Роберт Кенеди: Во затвор е веќе 50 години

Објавено на

часот

Сподели

Гувернерот Гевин Њусом оцени дека 77-годишниот затвореник сè уште е „закана за јавната безбедност“ и дека не сака да биде одговорен доколку нешто се случи, се нагласува во неговата изјава, пренесува Гардијан.

Сирхан (77) е во затвор од 1968 година, кога во хотел во Лос Анџелес го уби кандидатот на демократската претседателска номинација. Роберт Кенеди беше помлад брат на претседателот Џон Ф. Кенеди.

Претходно, надлежниот одбор на американската држава Калифорнија во август препорача условно да биде ослободен.

Сирхан беше осуден на смрт откако беше прогласен за виновен, но казната му беше променета со доживотен затвор бидејќи Врховниот суд на Калифорнија накратко ја укина најтешката казна во 1972 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ