сабота, 6 декември 2025

Облакодерите во Хонг Конг сè уште горат, најмалку 55 мртви

Најмалку 55 лица загинаа во пожарот што зафати станбен комплекс во Хонг Конг. Пожарникарите сè уште се борат со огнената стихија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку 279 лица сè уште се водат за исчезнати, додека пожарникарите и спасувачките екипи почнуваат да пребаруваат некои од облакодерите. 45 лица се во критична состојба.

Повеќе од 900 лица се евакуирани во привремени засолништа додека продолжуваат спасувачките операции. Полицијата уапси двајца директори и еден консултант на градежна компанија под сомнение за убиство од небрежност.

Пожарот е целосно изгаснат во четири облакодери, од седумте што беа зафатени од големиот пожар, додека преостанатите три се под надзор. Повеќе од 1.200 пожарникари со 304 противпожарни и спасувачки возила учествуваат во гасењето, потврди противпожарната служба.

Властите во Хонг Конг истражуваат можна корупција поврзана со реновирањето на комплексот Ванг Фук Корт, кој беше опустошен од катастрофален пожар во средата. Агенцијата за борба против корупција формираше специјален истражен тим, а полицијата уапси три лица под сомнение за убиство од небрежност, објави Си-ен-ен.

Независната комисија против корупција (ИКАК), главното тело за борба против корупцијата во Хонг Конг, во четврток објави дека формирала специјална работна група „со оглед на значајниот јавен интерес за ова прашање“. Во онлајн соопштение, ИКАК вети дека ќе „спроведе темелна истрага за потенцијална корупција поврзана со големиот проект за реновирање во Ванг Фук Корт“.

Покрената е и кривична истрага, потврди министерот за безбедност Крис Танг, истакнувајќи дека пожарот се проширил на „необичен“ начин. Полицијата во Хонг Конг соопшти дека тројца мажи, двајца директори и еден консултант од градежна компанија, се уапсени под сомнение за убиство од небрежност и обвинети за „тешка небрежност“. Властите, исто така, ќе испитаат дали градежните материјали што се користеле во реновирањето се во согласност со стандардите за противпожарна безбедност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ