вторник, 31 март 2026

Објавена сателитска слика од погодениот театар во Мариупол, се гледа зборот „деца“

Објавено на

часот

Сподели

Компанијата Максар технолоџис, која секојдневно објавува сателитски снимки од нападнатите украински градови, неодамна објави и слика од уништениот театар, чиј дел беше речиси срамнет со земја пред три дена, во средата.

На сликата се гледа и зборот „деца“ напишан на руски јазик (дети), пренесува Би-би-си. И покрај тоа, Русите го погодија театарот во чие засолниште наводно биле скриени околу 1.300 луѓе.

И денеска не се знае точниот број на луѓе кои биле таму и дали сите преживеале. Вчера беше објавено дека 130 од нив се извлечени, а спасувачката операција е прекинувана со постојаното бомбардирање на Мариупол, поради што спасувањето постојано се прекинува.

Вчера, официјалните лица изјавија дека веруваат дека сите преживеале, а во телевизиско обраќање, омбудсманот за човекови права Људмила Денисова рече дека спасувањето е во тек и дека 1.300 луѓе сè уште се во засолништето под театарот во Мариупол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ