недела, 1 февруари 2026

Објавена досега невидена снимка од интервју со Епстин, „Дали си ти ѓаволот?“ (ВИДЕО)

Објавена е досега невидена снимка во која Џефри Епстин одговара на низа прашања за своето богатство и фактот дека е регистриран сексуален престапник.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Видеото е пронајдено меѓу неодамна објавените документи, а на него се гледа осудениот педофил во разговор со лице за кое се верува дека е Стив Бенон, пишува Скај њуз.

Видеото го прикажува Епстин, со очила и облечен во црна кошула, како одговара на прашања. Во еден момент испрашувачот го прашува дали неговите пари се „валкани“. „Не, не се“, одговара Епстин.

Кога го прашуваат зошто, тој накратко додава: „Затоа што ги заработив“. На забелешката дека го стекнал своето богатство „советувајќи ги најлошите луѓе во светот кои прават ужасни работи“, Епстин одговара дека „прашањето за моралот е секогаш сложена тема“.

Потоа тврди дека донирал пари за да помогне во искоренувањето на детската парализа во Пакистан и Индија.

Потоа испитувачот го прашува за неговиот статус како сексуален престапник: „Која категорија сексуален престапник си? Трета?“

„Прва. Јас сум во онаа најлесната“, одговара Епстин.

Кога испитувачот прашува дали оние што им дал донации знаат од каде доаѓаат парите, Епстин вели:

„Мислам да им кажете дека самиот ѓавол им нуди пари во замена за животот на детето…“

„Дали мислиш дека си ти тој ѓавол?“ го прекинува испитувачот. „Не, но имам добро огледало“, одговара Епстин.

„Ова е сериозно прашање. Дали мислиш дека си ѓаволот?“ инсистира испитувачот.

„Не знам. Зошто го кажуваш тоа?“ прашува Епстин. „Затоа што ги имаш сите негови особини“, почнува соговорникот, но Епстин го прекинува: „Не, јас се плашам од ѓаволот.“

Лицето кое го интервјуира Епстин не се гледа на видеото, но се верува дека e поранешниот главен стратег на Доналд Трамп, Стив Бенон.

Бенон ја извршуваше функцијата во Белата куќа во текот на првите седум месеци од првиот претседателски мандат на Трамп.

Не е јасно кога или каде е снимено интервјуто, кој ја снимил снимката или зошто Бенон конкретно разговара со Епстин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ