среда, 10 декември 2025

Објавен извештајот кој може да го урне британскиот премиер Џонсон

Објавено на

часот

Сподели

Џонсон е соочен со досега невидена закана за неговата премиерска позиција поради наводното одржување на забави во резиденцијата и покрај рестрикциите, но досега им одолеваше на се погласните повици на оставка, барајќи од гневните пратеници да го причекаат извештајот на вишата државна службеничка Сју Греј.

„Можеме да ви потврдиме дека Сју Греј на премиерот му ги достави најновите информации за својата истрага“, кажа портпаролот на кабинетот.

Лондонската полиција во петокот соопшти дека е отворена истрага за некои настани за да се процени дали се направени кривични дела.

Медиумските извештаи за повеќе од десет забави во градината на Даининг стрит 10, вклучувајќи ја и таа на која гостите требало да „донесат сопствена пијачка“, предизвикаа гнев кај британската јавност, бидејќи таквото однесување покажува дека политичката елита не се придржувала на строгите правила за изолација воведени во целата земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ