Пораката „Во возвишеното име на Хајдар, мирот нека е со него“ — предизвика бран шпекулации дека Али Хамнеи е мртов.
به نام نامی حیدر علیهالسلام pic.twitter.com/n848j6KASq
— KHAMENEI.IR | فارسی (@Khamenei_fa) February 28, 2026
Пораката е напишана во силно религиозен шиитски стил, а Хајдар е едно од имињата на имамот Али, централна духовна фигура во шиитскиот ислам, со поетски формулации што традиционално се користат во моменти на жалост или споменување на важни личности, но сами по себе не претставуваат директна потврда за нечија смрт.
Американскиот претседател Доналд Трамп во меѓувреме рече дека Хамнеи, „еден од најзлобните луѓе во историјата, е мртов“, повикувајќи се на разговори со повеќе извори.
Сепак, и покрај овие тврдења и реакциите што доаѓаат од Израел и САД, иранските власти досега немаат објавено официјална институционална потврда за смртта на иранскиот ајатолах, ниту детали за неговата состојба.






