петок, 5 декември 2025

Обид за напад врз Зеленски: Воени дронови пресретнале рута на претседателскиот авион

За време на слетувањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Ирска, е пријавено дека неколку воени дронови се наоѓале на опасно мала оддалеченост од неговиот авион.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во Ирска, како што е наведено, четири воени дронови ја прекршиле зоната на забрана за летови воспоставена по повод посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Леталата, како што изгледа, се приближиле до планираната рута на неговиот авион само неколку моменти по неговото слетување во Даблин.

Според ирскиот портал Џурнал, инцидентот се случил доцна во понеделник навечер. Четири неидентификувани воени дронови наводно ја прекршиле привремената зона на забрането летање над Даблин и околината. Зоната била воведена специјално за посетата на Зеленски.

Според извештајот, дроновите се движеле во правец на коридорот за летови по кој би летал авионот на украинскиот претседател доколку летал според планот. Сепак, авионот слета малку порано од планираното. Кратко потоа, наводно, дроновите влегле во секторот каде што авионот би се наоѓал во тој момент. Потоа дроновите кружеле над брод на ирската морнарица кој бил тајно распореден во Ирското Море за да ја обезбеди државната посета.

Весникот понатаму наведува дека дроновите полетале североисточно од Даблин и останале во воздух до два часа. Ирската полиција моментално истражува дали биле лансирани од копно или од неоткриен брод. Кој стои зад оваа операција засега е непознат. Моменталната позиција на дроновите е исто така непозната.

Безбедносните кругови веруваат дека целта на леталото можеби била да се попречи слетувањето на претседателскиот авион. Изворите на Џурнал зборуваат за големи, скапи, навидум воени дронови. Се шпекулира дека инцидентот би можел да се класифицира како хибриден напад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ