четврток, 18 декември 2025

Обама: САД се на пресвртница по убиството на Кирк

Поранешниот американски претседател Барак Обама изјави дека САД се на „пресвртница“ по убиството на американскиот патриот Чарли Кирк, но додаде дека политичкото насилство „не е ново“ и се случувало во одредени периоди од американската историја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обама додаде дека, и покрај ова, политичкото насилство претставува „спротивност на она што значи да се биде демократска земја“, објави Гардијан.

Зборувајќи на собир во Ери, Пенсилванија, во средата, Обама го осуди политичкото насилство, повикувајќи на одговорност за фаталните напади врз Кирк и пратеничката од Минесота Мелиса Хортман.

Тој ги опиша убиствата како „трагедии“ и рече дека сегашниот американски претседател Доналд Трамп дополнително ја поделил земјата наместо да се обиде да ја обедини.

Обама предупреди дека одговорот на убиството на Кирк минатата недела, што предизвика дебати за слободата на говорот и поттикнувањето на насилство, може дополнително да ги продлабочи политичките и културните поделби.

Обама рече дека расположението меѓу Трамп и неговите поддржувачи по убиството на Кирк, кога политичките противници ги нарекоа „штетници и непријатели“, зборува за поширок проблем.

Иако смета дека идеите на Кирк се „погрешни“, Обама додаде дека тоа не го намалува фактот дека она што се случило е трагедија и дека жали за тоа.

Чарли Кирк беше убиен на 10 септември додека се обраќаше на студентите на Универзитетот во американската држава Јута. Осомничениот, Тајлер Робинсон, беше уапсен и обвинет за убиство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ