среда, 1 април 2026

Њујорк тајмс објави видео на кое се гледа како руски војници убиваат велосипедист во Буча (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Снимката од воздух покажува човек на велосипед како вози по улица. Потоа се симнува за околу аголот да оди покрај велосипедот. Во негова насока биле испукани неколку рафали од оклопни возила. После тоа, на местото на настанот се забележува прашина и чад.

Снимката, снимена кон крајот на февруари е направена од украинската војска и е независно потврдена од Њујорк тајмс. Телото било пронајдено на истото место откако руските сили се повлекле од областа.

Весникот објави сателитски снимки во понеделникот на кои се гледаат телата на неколку луѓе како лежат на улица во Буча уште во средината на март, пред руските сили да се повлечат. Од овие снимки не може да се утврди причината за нивната смрт.

Снимките од тела откриени во Буча предизвикаа бес на меѓународната јавност. Украинската и американската влада ги обвинуваат руските сили за многу убиени во Буча. Москва го негира ова и вели дека обвинувањата против руската војска се неосновани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ